Еден малолетник од Штип е уапсен заедно со уште двајца осомничени. Во полициската акција кај членовите на криминалната група се пронајденидрога и оружје и муниција.
„На 23.10.2023 полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Р.А.(33), С.С.(23) и еден малолетник, сите тројца од Штип.
При извршен претрес во домот на Р.А. биле пронајдени куршуми, додека кај С.С. била пронајдена марихуана, дробилка и сигнален пиштол“ – стои во известувањето од МВР.
МВР денеска соопшти дека за случајот било известено Основно јавно обвинителство Штип, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.