Во водите на Северното Море, покрај брегот на Германија, се судрија два товарни брода. Едниот брод потонал веднаш по судирот, а неколку лица паднале во морето и се водат за исчезнати, пишува британски Дејли Меил.
Во раните утрински часови, на околу 22 километри југозападно од островот Хелиголенд, се судрија бродот „Полези“ под бахамско знаме и „Верити“ под британско знаме. Потона бродот „Верити“, пишува порталот. Бродот тргна од Бремен, Германија кон пристаништето Имингем, Велика Британија.
Соопштено е дека едно лице е извлечено од водата и укажана му е лекарска помош, додека спасувачите трагаат по уште неколку лица.
Несреќата се случила утрово на околу 22 километри југозападно од островот Хелголанд и 31 километар североисточно од островот Лангеог, се вели во соопштението на Централната команда за поморски вонредни состојби.