More

    Ослободени уште две жени кои биле заложници на вооружена група во Појасот Газа

    spot_img

    Портпаролот на военото крило на Хамас, бригадите Изадин ал-Касам, Абу Обеида, синоќа изјави дека уште две жени кои биле заложници на таа вооружена група во Појасот Газа биле ослободени, јавија израелските медиуми.

    Обеида ги именуваше и рече дека се ослободени од „хуманитарни причини“ по посредство на Египет и Катар.

    Американски медиуми јавија дека се работи за две постари Израелки.

    Во петокот беа ослободени две Американки, мајка и ќерка.

    Абу Обеида во саботата тврдеше дека исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Газа, сакал да ги ослободи двете жени кои беа пуштени вчера, но дека Израел одбил да ги прими, на што канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека нема да одговори на „пропагандните лаги на Хамас“.

    Израелската армија вчера соопшти дека 222 лица биле киднапирани во Појасот Газа за време на нападот на Хамса врз јужен Израел на 7 октомври.

    Во меѓувреме, САД изразија зголемена загриженост дека ескалацијата на војната меѓу Израел и Хамас ќе предизвика поширок конфликт во регионот, вклучително и напади врз американски војници.

    Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека има зголемен број на ракетни и беспилотни напади од страна на милициите поддржани од Иран против американските трупи во Ирак и Сирија и оти САД се „длабоко загрижени поради можноста од каква било значајна ескалација“ на нападите во наредните денови.

    Тој рече дека американските власти се во „активни разговори“ со нивните израелски колеги за потенцијалните последици од засилување на воената акција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img