More

    Притвор во траење од 30 дена добија двајцата осомничени за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

    spot_img

    Притвор во траење од 30 дена добија двајцата осомничени за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

    Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје, донесе решение да го прифати предлогот на обвинителството поради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата.

    Три лица се осомничени за убиството на 27-годишниот ракометар Тот. Осомничени се 28-годишниот А. Ѓ. кој е и првоосомничен и е во бегство, 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л. кои се притворени.

    Според обезбедените снимки, полицијата соопшти дека, кобната ноќ, околу 3 часот и 30 минути пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, дошло до расправија помеѓу Тот и тројцата осомничени, при што тие го нападнале и му нанеле повеќе удари со боксови и клоци.

    Од ударите тој паднал наназад и со задниот дел од главата удрил на асфалтот, по што изгубил свест. И покрај тоа, осомничените продолжиле да го удираат по главата, а потоа без да му укажат помош, си заминале.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img