Најмалку 7 лица загинаа вчера откако „супермагла“ од чад од шумски пожар во јужна Луизијана предизвика повеќе масовни сообраќајни несреќи во кои учествуваа 158 возила.
„25 лица се повредени, а бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи итните служби продолжуваат да го расчистуваат местото на несреќата и да бараат жртви“, соопшти државната полиција на Луизијана
Апокалиптична видео снимка ги прикажува остатоците од оштетените и изгорени возила на Interstate 55 во близина на Њу Орлеанс.
Голем број луѓе стоеја покрај патот или на покривите на возилата и со неверување ја гледаа катастрофата, додека други се обидуваа да повикаат помош.
Некои возачи велат дека ги запреле автомобилите навреме, но други ги удирале одзади и од страна и дека судирите се слушале најмалку половина час.
Сообраќајот на автопатот И-55 е запрен, а затворени се 39 километри од автопатот И-10.
Горењето на мочуриштата е стар есенски обичај долж бреговите на Атлантикот и Заливот на Соединетите држави.