Рускиот суд денеска и одреди притвор до 5 декември на руско-американската новинарка Алсу Курмашева, пренесоа руските медиуми.
Курмашева беше уапсена минатата недела, со што стана вториот американски новинар приведен во Русија.
Судот во Казан, во регионот на Татарстан, соопшти дека го одобрил барањето на истражителите кои во средата ја уапсија новинарката, заедно со обвинувањата за пропусти во внесувањето на списокот на „странски агенти“.
Американската новинарка со руско потекло е уапсена во рускиот град Казан, објави Радио Слободна Европа, каде што таа работи.
Таа е обвинета дека не се идентификувала како „странски агент“, за што може да добие и до 5 години затвор.
Курмашева е втората американска новинарка која годинава е уапсена во Русија по новинарот на Волстрит журнал Еван Гершкович, кој е во затвор од 29 март под обвинение за шпионажа, што тој го негира.