Палестинските власти информираат за 70 жртви

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најмалку 70 Палестинци загинаа во нападите на израелската армија извршени синоќа и утринава во Појасот Газа, соопшти Хамас, движењето кое е на власт на таа палестинска територија.

„Повеќе од 60 маченици паднаа во нападите синоќа“, соопшти канцеларијата за медиуми на владата на Хамас.

Министерството за здравство на Хамас пак соопшти дека најмалку десет тела биле извлечени од урнатините по нападот утринава во кој беше уништена куќа во Деир ал Балах во центарот на Појасот Газа.

Хамас наведе дека 17 луѓе биле убиени во куќа во Џабалија, на северот на територијата, а 25 во напади во централниот сектор на Појасот Газа.

Според податоците на владата на Хамас објавени вчера, пред овие нови напади, повеќе од 4.600 луѓе, главно цивили, меѓу кои речиси 1.900 деца, загинале од почетокот на војната во таа палестинска енклава.

Израелската армија денеска соопшти дека во текот на ноќта погодила „повеќе од 320 воени цели“, инфраструктурата на Хамас и нивниот сојузник Исламски џихад.

Share This Article