Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговарале за случувањата на Блискиот Исток, јавува Анадолија.
Како што се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Турција, двајцата лидери разговарале за војната што Русија ја води во Украина, израелско-палестинскиот конфликт и хуманитарната криза во регионот.
Ердоган посочил дека е можно по мирен пат да се решат конфликтите во регионот, вклучително и израелско-палестинскиот конфликт. Тој истакнал дека Турција ќе продолжи да ги вложува сите можни напори за да го постигне тоа.