Вознемирувачка фотографија на која се гледаат двајца мажи како лежат на бетон беше објавена на Инстаграм профилот на „uzice.online“. До нив се гледаат неколку тинејџери како стојат и ги гледаат шокантните сцени.
„Ужас се случи денеска во центарот на градот. Тројца ранети во пукотницата во Ужице пред училиштето“, се наведува во објавата на Инстаграм.
Според српски Курир тројца биле ранети во пукање кое се случило сред бел ден на шеталиштето во Ужице во Србија. Српски Н1 напиша дека пукањето се случило негде по 13 часот на мостот Алексиќ.
Очевидци за српски Курир изјавиле дека едно или повеќе лица со мотори пукале во два автомобили, џип и БМВ. Српската полиција трага по овие два луксузни автомобили.
Како што изјави директорот на Општата болница во Ужице, примени се три лица и во тек е дијагностика. Едно лице е прегледано и рането во лактот, додека другите двајца мажи се примени со повреди на главата.