Во словенечкиот азил Вич во четвртокот вечерта, радикализиран маж се заканувал дека ќе се разнесе, но бил спречен од специјалната полициска единица.
Полицијата го уапсила мажот, по што најавила дека чинот ќе го третираат како терористички, пренесува порталот 24UR.
Според информациите, маж влегол во зградата на азилот околу 23 часот и се заканил дека ќе се разнесе извикувајќи „Алаху акбар“, а според извори на порталот, во автомобил го чекал друг маж.
Се додава дека уапсениот е радикализиран државјанин на Словенија.
Оваа недела Словенија привремено го подигна нивото на тревога на ниво на терористичка закана и ги засили контролите на границите.