Израелските власти ги затвораат странските медиуми

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Израелските власти усвоија регулативи кои ќе овозможат привремено затворање на канцелариите на странските медиуми за време на вонредни и воени состојби, доколку се верува дека тие ѝ штетат на националната безбедност.

Министерот за комуникации Шломо Кахри побара усвојување на овие регулативи со цел да се затвори каналот Ал Џезира, за кој тврди дека и наштетил на националната безбедност.

Прописите, исто така, се однесуваат на настани што веќе се случиле, што значи дека емитувањата на катарската телевизија од почетокот на војната може да се користат за да се донесе одлука за затворање на локалниот огранок на Ал Џезира.

– Израел е во војна, на копно, во воздух и на море, како и на фронтот на јавната дипломатија. Ние на ниту еден начин нема да дозволиме преноси кои ѝ штетат на безбедноста на државата. Емитувањата и извештаите на Ал Џезира претставуваат поттикнување против Израел, помош за Хамас – Исламската држава и терористичките организации и со својата пропаганда поттикнува насилство врз Израел – изјави Кархи.

Врз основа на новите прописи, министерот за комуникации, во договор со министерот за одбрана, ќе може да нареди прекинување на емитувањето на одредени медиуми, затворање на нивните канцеларии, одземање опрема и затворање или ограничување на пристапот до веб-страницата.

Одлука мора да биде одобрена од кабинетот за безбедност и да се заснова на правното мислење на службата за безбедност дека медиумите ѝ наштетуваат на националната безбедност и може да бидат разгледани од окружен суд.

Одлуката ќе важи 30 дена, но може да биде продолжена за уште толку денови. Прописите ќе важат три месеци или додека Владата официјално не прогласи крај на вонредната состојба.

Share This Article