More

    Богојески од Македонски концепт има и ЛГБ концепт

    spot_img

    Претседателот на партијата Македонски концепт, Петар Богојески, смета дека изјавата на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски за хомосексуалните заедници е дискриминирачка и антипод на граѓанската држава.

    „Максо живее во минатиот век, ова се други времиња. Тој не ја разбира граѓанската држава и општество. Во нив нема место за дискриминација по било која оределба на граѓаните, етничка, верска, вклучително и сексуална. Сите граѓани ги имаат истите права“, тврди Богојески.

    Македонски концепт се залага за право на граѓанска заедница за сите, вклучително и хомосексуалците, со полни наследни права. Религискиот брак е во надлежност на верските заедници и тие ќе одлучат како ќе го практикуваат,

    „Она што е од Бог дадено, тоа е природно и за Македонски Концепт е дозволено. ЛГБ заедницата, без тоа Т+, е природна појава и треба да има полни граѓански права, без посвојување на деца, зашто тоа пак не е природна состојба. Сите глупости на Т+ заедницата, геј паради и некакви ‘џендер баланси’ не се дозволуваат. Потребни се ЛГБ клубови и легална проституцијата, бидејќи сексуалното општење е природна појава, а на овој начин ќе заштитиме огромен дел од популацијата од сексуално преносливи болести. Тоа се огромни заштеди во буџетот на здравството“, вели Богојески.

    Тој бизнис ќе ја зголеми даночната база во земјава, ќе се оданочува со мининимум 20% ДДВ без олеснувања, како резултат на што ќе намалиме на 2% ДДВ за бебешки препарати, памперси и млеко, за детска храна и облека и ќе воведеме субвенција за секое новороденче до 5 годишна возраст, вели Богојески.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img