Научниците го избраа најстрашниот филм на сите времиња, а тоа е хорор филмот „Sinister“ од 2012 година со Итан Хок во главната улога.
Од 2020 година, проектот Science of Scare ги избира најстрашните филмови, а овогодинешното издание е подобрено за да обезбеди уште подетални резултати.
250 гледачи на филмови беа избрани да гледаат серија хорор филмови на англиски јазик, додека беа опремени со монитори за отчукувањата на срцето, а резултатите потоа беа анализирани за да се утврди кои филмови предизвикуваат најголеми скокови во пулсот, пренесува Klix.
Оваа година наместо само отчукувањата на срцето, новиот систем на бодување комбинираше пулс (мерено во отчукувања во минута BPM) и варијанса на срцевиот ритам (мерено во милисекунди). Двата резултати потоа се комбинираат за да се создаде резултат Science of Scare.
Филмот „Sinister“ од 2012 година со Итан Хок беше прогласен за најстрашниот досега.
„Писателката за вистински криминал Алисон Освалд немаше бестселер повеќе од 10 години и станува сè поочајна за хит“. Кога ќе открие постоење на филм кој ја прикажува смртта на едно семејство, тој вети дека ќе ја реши мистеријата. Тој го преселува своето семејство во домот на жртвите и оди на работа.
Меѓутоа, кога старите филмски снимки и други индиции укажуваат на присуство на натприродна сила, Алисон дознава дека животот во куќата може да биде фатален“, се вели во синопсисот.
Според резултатите од проектот Science of Scare, „Sinister“ имал вкупен резултат на страв од 96/100 со највисок забележан скок на отчукувањата на срцето достигнувајќи 131 отчукување во минута, повеќе од двојно повеќе од просечната срцева фрекфенција во мирување (64). На второ место се најде филмот „Домаќин“ од 2020 година, а на трето „Скинамиринк“.
Четвртопласираниот филм „Insidious“ ја имаше и најстрашната сцена, иако не беше прецизирано за која се работи.
Некој друг хорор филм што би го додал на оваа листа?