Емил Робак, 20-годишниот фудбалер на Милан како позајмен во шведски Норчепинг не одговара никому. Не тренира со клубот, а никој не знае каде е.
Спортскиот директор на клубот Тони Маринсон вели дека веќе две недели се обидува да стапи во контакт со Робак.
„Сакам да знам дека е добро. Загрижувачки е што не можеме да го добиеме, но не знам што друго можеме да направиме. Многупати сум седел со него, но тешко се доаѓа до него – изјави Маринсон“, пренесува Афтонбладет.
Во август 2020 година, Хамарби, клуб чии акции се исто така во сопственост на Златан Ибрахимовиќ, го продаде Робак на Милан за 1,5 милиони евра, а есента самиот Ибрахимовиќ го пофали.
„Тој не е типичен шведски играч – тој е иднината на Шведска, можам да го кажам тоа сега. Тој е фудбалер на сосема друго ниво“, изјави Ибра за својот „ученик“.
Договорот на Робак со Милан истекува во 2025 година. Сезонава има само три настапи во Шведска, а на теренот мина 27 минути.