More

    Словенија од сабота воведува контрола на границата со Хрватска, ограничен премин за граѓаните од трети земји

    spot_img

    Словенечката влада на денешната седница одлучи од сабота да воведе гранична контрола на границите со Хрватска и со Унгарија, објави агенцијата СТА. Суспендирањето на Шенген на границите со Хрватска и Унгарија ќе трае најмалку десет дена, одлучено е на владината седница.

    Словенечките медиуми објавија првични информации за тоа како треба да функционира новиот систем. Според неофицијалните информации што ги објави 24ur, граѓаните на ЕУ ќе можат нормално да ги минуваат сите гранични премини, додека граѓаните од трети земји ќе можат да поминат само на 14 патни (12 со Хрватска и 2 со Унгарија) и на 8 железнички премини, каде што ќе има  селективни проверки од полициски службеници.

    Меѓу овие гранични премини се патните правци Долга вас, Пинце, Обрежје, Метлика, Грушковје, Драгоња и железничката пруга Ходош, Лендава и Добова. Во случај да влезат државјани на трети земји преку други гранични премини, ова ќе се третира како прекршок, неофицијално дознава 24ур.

    Како што објасни вчера министерот за внатрешни работи на Словенија, Боштјан Поклукар, станува збор за предлог за привремена мерка поради зголеменото ниво на проценка на терористичката закана во земјите од Европската унија.

    -Воведувањето надзор на внатрешната Шенген граница не е новост, но мора да остане исклучок кој се воведува само како последна опција што мора да подлежи на строги услови, особено во однос на спроведувањето и времетраењето – изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

    Претходно, Италија ја извести Словенија дека ќе воведе гранични контроли, првично за десет дена со можност за продолжување. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси го информирал својот словенечки колега Боштјан Поклукар дека суштината на воведувањето на оваа привремена мерка е спречување на тероризмот и организираниот криминал. Двајцата министри се согласија дека западнобалканската рута, која внимателно ја следат словенечките и италијанските безбедносни служби, може да биде атрактивен коридор за потенцијална радикализација.

    Поради големиот мигрантски притисок и ситуацијата на Блискиот Исток, се повеќе земји воведуваат или продолжуваат гранични контроли на внатрешните граници на Шенген зоната.

    Австрија воведе гранични контроли со Словенија и Унгарија уште во 2015 година, а во понеделникот ја информираше Комисијата дека ќе ја продолжи мерката до мај следната година. Во средата воведе контроли и на границата со Чешка, откако Германија одлучи да воведе контроли на границите со Полска, Чешка и Швајцарија и да ги прошири контролите на границата со Австрија. Контроли на внатрешните граници на Шенген зоната вршат и Данска, Франција, Норвешка и Шведска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img