Декември ќе го искористам за одмор, нема да одам никаде на позајмица, изјави аргентинскиот фудбалер Лионел Меси кој забележа нова победа на Аргентина во квалификациите за следното Светско првенство во Перу од 2-0.
Двата гола ги постигна Меси за актуелниот светски првак и на аргентинските новинари им порача дека не оди на позајмица во Барселона или во некој друг клуб.
„Ова е прв пат по којзнае колку години да имам повеќе слободни денови во декември. Ќе ги искористам за да бидам во Аргентина, со моите најблиски. Исклучувам дека ќе одам во клуб на позајмица“, изјави Меси, кој за Интер Мајами одигра 13 натпревари во сите натпреварувања и постигна 11 гола со осум асистенции.
„Во јануари се враќам во Мајами за да ја одработам претсезоната, да започнам одново и да бидам максимално подготвен за нови предизвици со мојот клуб. За жал, овојпат не успеавме да победиме во плеј-офот од МЛС лигата, но тоа е само поттик да продолжам“, додаде 36-годишниот Аргентинец.
Меси најголемиот дел од кариерата го помина во Барселона, во 2005 година играше за сениорите, а во 2021 година замина во Пари Сен Жермен.