More

    Протекоа пораките што Канје Вест му ги испратил на Илон Маск

    spot_img

    Иан Конор, 30-годишниот личен стилист на Канје Вест, сподели пораки на Инстаграм кои раперот наводно му ги испратил на Илон Маск.

    „Кога ќе разговараме? Не ми должиш ништо. Не мора повторно да разговараш со мене. Но, ако разговараме, природата на нашата врска мора да се промени. Јас не сум биполарен. Имам знаци на аутизам од мојата сообраќајна несреќа. Не можеш само да гледаш додека Ким од мене ги оддалечува моите деца и ништо да не коментираш за тоа, а потоа да зборуваш дека си мој пријател за да ја доведам својата публика на твојата падната платформа“, наводно напишал Канје.

    Имено, 46-годишниот рапер тврди дека има знаци на аутизам поради тешката сообраќајна несреќа која ја доживеал во 2002 година. Тој исто така рече дека лекарите му поставиле погрешна дијагноза во 2018 година и дека не боледува од биполарно нарушување. Тој објасни дека му ги давале лековите за да го направат „позната личност со добро однесување со која може да се разговара и да се соработува“.

    Во преписката што ја објавил Иан не се гледа никаков одговор од Маск. Во коментарите, луѓето се потсмевале на Канје и го испрашувале како можел да стане аутистичен по сообраќајна несреќа.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img