На 18.10.2023 околу 15.30 часот во с.Велешта, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода А.И.(36) од с.Велешта. При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзмени еден пиштол со калибар 6.35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми калибар 6.35 мм и 33 куршуми калибар 9 мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.