More

    Помалата група Израел ја обвини за нападот врз болницата во Газа

    spot_img

    Исламски џихад, милитантната организација за која Израелските одбранбени сили тврдат дека стои зад нападот на стотици лица во болницата Ал Ахли во Газа, ги отфрли наводите дека било како е поврзана со настанот кој ја разбранува светската јавност.

    Што знаеме за оваа палестинска организација, која иако е помала од Хамас, беше прогласена за терористичка од САД и од западните земји? Ројтерс пишува дека внатре во групата членуваат од илјада до неколку илјади луѓе, според последните проценки на ЦИА од 2021 година. По Хамас, групата ја држи втората по големина енклава во Појасот Газа.

    Исламскиот џихад соработува со Хамас за лансирање ракети во Израел. Но, групата во повеќето случаи дејствува независно, Исто така, за разлика од Хамас, Исламскиот џихад не врши никаква форма на социјални услуги во Газа, ниту има намера да се бори за политички функции или да отвори дипломатски канали со Израел. Групата има и значаен арсенал на ракети, минофрлачи и противтенковски ракети. Но, точните бројки не им се познати на западните служби, а групата ретко објавува информации во јавноста.

    Модус операнди на Исламскиот џихад се самоубиственитебомбашки напади насочени кон израелски цивили и воен персонал. Од 1987 година до денес тие стојат зад неколку вакви напади во кои загинале десетици луѓе, а повредени биле над 100. Меѓу нападите е и оној во трговскиот центар во Тел Авив ви 1996 година. Во 1995 еден од основачите, Фати Шикаки, беше убиен на Малта, а се смета дека го убиле израелски агенти. Основањето на групата е во доцните 1970-ти кога двајца студенти од Египет, незадоволи од Палестинската ослободителна орагнизација на Јасер Арафат решаваат да основаат нова група чија цел е да го уништи Израел и да ја основа Палестинската држава, онаква каква што изгледала под британскиот мандат, што ќе рече, пред 1948 година.

    Додека светот го осуди страшниот напад врз болницата во Газа, Израел и Палестина си ја префрлаат топката за нападот. На социјалната мрежа Икс се споделуваат разни видеа за тоа чија ракета го погоди објектот. Се споделува видео од израелскиот новинар Охад Хемо кој, како што се коментира, на ТВ јавно признава дека Израел бил одговорен за нападот.

     

     

    Каналот 12 од Израел објави снимка на социјалната мрежа Икс на која наводно се гледа дека ракетата која ја погоди болницата во Газа доаѓа внатре од Газа, со што се вели дека видеото оди во прилог на тезата на Израелските одбранбени сили дека ракетата била испукана од палестинските сили.

     

     

    Израелските одбранбени сили исто така на социјалните мрежи објавија видео од безбедносните камери во Нетив Хаасара на кое, според нив, се гледа како голем бараж на ракети бидуваат истрелани од северна Газа, а една од нив, неуспешно лансирана, завршува во Појасот, односно врз болницата.

     

     

    Израелската војска соопшти дека терористичките организации со седиште во Газа истрелуваат ракети неселективно кон Израел и околу 450 ракети лансирани кон Израел паднале во Газа од почетокот на војната на 7 октомври, „загрозувајќи ги и нанесувајќи им штета на животите на жителите на Газа“.

    Њузвик напиша дека на снимка која ја споделиле ИДФ, Израелските одбранбени сили, сугерира дека двајца оперативци на Хамас неформално признаваат дека ракетата која паднала врз болницата „личи на ракета на Исламски Џихад“. Во наводниот разговор, чија автентичност Њузвик не може да ја потврди, едниот од оперативците го коментира нападот:

     

     

    – Ви велам, ова е првпат да видиме како оваа ракета паѓа и затоа велиме дека му припаѓа на палестинскиот исламски џихад – вели оперативецот.

    Другиот одговара:

    – Што?

    Првиот вели:

    – …тие велат дека (проектилот) му припаѓа на палестинскиот исламски џихад. Од нас е?

    – Изгледа како да е така – му одговара вториот.

    – Кој го вели ова? – сега прашува првиот оперативец.

    Вториот му одговара дека шрапнелите од проектилот „се локални шрапнели, а не како израелските шрапнели“.

    – Што велиш? – пак прашува едниот од нив.

    Другиот тогаш почнува да објаснува како проектилот бил истрелан од гробиштата од зад болницата „и дека не испукал и паднал врз нив“.

    Непознаницата околу тоа чија ракета падна врз болницата останува неразрешена. Додека Израел и Палестина си ја префрлаат топката, повеќе челници од меѓународната јавност ја осудија постапката како злосторнички чин и масакр.

    Говорејќи на прес-конференцијата во Тел Авив со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата наутро, американскиот претседател Цо Бајден рече дека е „длабоко тажен и огорчен“ од експлозијата.

    – Врз основа на она што го видов, се чини дека тоа го направил другиот тим, а не вие – му рече тој на Нетанјаху, иако признава дека многу луѓе „не биле сигурни“ за тоа чија била ракетата.

    Тој исто така рече дека му поставил тешки прашања на Нетанјаху за време на средбата.

    САД денеска воведоа санкции што имаат за цел да го прекратат финансирањето на Хамас, а се насочени, меѓу другото, кон „тајното инвестициско портфолио на Хамас“, изјави државниот секретар за финансии, Џенет Јелен.

    Истовремено, Хамас ги обвини САД и Западот за „војната против цивилите“ во Газа.

    – САД и сите западни земји кои го поддржуваат Израел „ја сносат целосната одговорност за војната против цивилите во Газа – изјави денеска претставникот на Хамас, Осама Хамдан.

    Хамас повика и на протести во целиот свет оротив „масакрите, воените злосторства и геноцидот во Газа“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img