Од политичарки до спортски ѕвезди, највлијателните и најуспешните жени во Австралија ги победија манекенките и заземаа изненадувачки места на овогодинешниот „Максим хот 100“.
„Максим Австралија“ ја објави својата годишна листа за оваа година, а на врвот е Марго Роби (33), чија холивудска кариера продолжува да блеска по излегувањето на нејзиниот најнов филм „Барби“.
Инаку, ова е втора година по ред како актерката е на врвот на листата „Максим хот 100“, додека сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори е на 18-то место, како што пишува „Дејли мејл“.
Инаку, австралиската ѕвезда Марго ја отелотвори улогата на Барби, која го „полуде“ светот, а имаше и улога на продуцент. Роби го продуцираше филмот преку нејзината продуцентска куќа „LuckyChap Entertainment“, која ја основа во 2014 година со нејзиниот сопруг Том Акерли.
„Барби“ ги урива сите рекорди во киносалите, а филмот минатата недела ја проби границата од милијарда долари заработувачка. Заработувачката во киносалите е во корист на Роби, а откриено е и дека од овој филм може да заработи дури 50 милиони долари.
Да потсетиме, кариерата ја започна во 2008 година во серијата „Соседи“, а главната улога ја имаше во филмот „За времето“.
Нејзиниот „голем пробив“ во актерската индустрија беше улогата во филмот „Волкот од Волстрит“ во 2013 година. Таа ја глумеше сопругата на главниот лик кој го игра Леонардо Дикаприо (48).
ФОТО: Инстаграм