Смрзнувачка во детската болница „Козле“. Пациенти се жалат дека нема греење во собите каде што лежат заедно со своите бебиња.
Мајка на три месечно бебе реагира дека ова е нечовечки чин и бара овој проблем да се реши, објави ТВ Алфа.
Во изјава за Алфа вели дека во болницата повеќе се разболуваат, отколку што оздравуваат.
Таа рече дека нема парно греење ниту во болничките соби, ниту во амбулантите.
Дека детската болница „Козле“ има проблем со парното греење потврдија и оттаму, но сепак не сакаа да дадат дополнителни изјави околу настанатиот проблем.
Во разговор за Алфа од менаџментот велат дека проблемот ќе биде надминат и дека сега пуштале греалки за затоплување на просториите.
За проблемот реагира и персоналот, но никој од вработените не сакаше јавно да зборува.
Најголемо е незадоволството има кај докторите, бидејќи во некои оддели немало топла вода за да ги измијат рацете.
Економскиот директор во разговор за Алфа рече дека сепак температурата била поволна и дека наскоро ќе проработел системот за греење во болницата.