More

    Државата ја објави втората емисија на граѓански обврзници

    spot_img

    Министерството за финансии ја објави втора емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари (10 милиони евра).

    Граѓаните од денеска до 6 ноември имаат можност да запишат граѓански обврзници за кои и овојпат е понудена каматна стапка од 5%. Минималниот износ кој граѓаните ќе можат да го вложат во овој иновативен финансиски инструмент e 10.000 денари. Рокот на достасување е 2 години и на имателот на обврзницата ќе му донесе вкупен принос од 10%.

    Заинтерeсираните за запишување на граѓански обврзници можат да се обратат на шалтерите во комерцијалните банки каде ќе поднесат барање за учество на аукцијата, која ќе се одржи на 6 и 7 ноември 2023 година.

    На првата аукција на граѓанската обврзница граѓаните пројавија два пати поголем интерес од износот кој беше објавен со Проспектот. И беа запишани граѓански обврзници во износ од 1.448.030.000 денари.

    Покрај Граѓанската обврзница, како нов производ на пазарот беше воведена и зелената обврзница, за која, исто така, на првата аукција беше изразен голем интерес од страна на инвеститорите.

    Министерството за финансии планира да воведе и проектна и развојна обврзница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img