Новите животни станаа вест на денот и фото на денот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Зоолошката градина стана главна вест во најпознатите светски медиуми поради последните случувања изминатиов период, каде се родија повеќе животни, информираат од Град Скопје.

„Фотографиите од малите лавчиња и бебето белорак гибон се најдоа како вест на денот, фото на неделата и фото избор на денот во престижни медиуми и новинарски агенции како Гардијан (The Guardian), Ројтерс (Reuters), Јаху (Yahoo),како и американските медиуми ЦНН (CNN) и АБЦ Њуз (ABC News)“, велат од градската управа.

Фотографиите од Скопје ЗОО направени од Роберт Атанасовски, Огнен Теофиловски, Ѓорѓи Личовски и Томислав Георгиевски беа објавени во преку 300 медиуми од 40 различни земји.

За потсетување, пролетва во Зоолошката градина во Скопје се случува вистински „бејби бум“, каде се родија три лавчиња, мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца и камила.

„Во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје, ќе продолжи со спроведување низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и нова инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови, но и поинтересни содржини за посетителите на скопската зоолошка градина“, порачуваат од Град Скопје.

Share This Article