Иницијативата „И здравје и работа“ ги „пецна“ организаторите на револтот против рудникот Иловица

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поради агресивноста на неколкумина добро мотивирани гласни противници на изградбата на рудникот, локалното население и генералната македонска јавност немаат еднаков пристап до сите релевантни информации, нагласија од иницијативата „И здравје и работа“, кое се промовираше летово во пресрет на празникот Илинден.

Здружените граѓани се легитимираа како локална иницијатива на досега тивкото население во Струмичката котлина кое вложува напор и сака низ дебата да ги слушне сите аргументи за рудникот Иловица-Штука.

Оваа локална иницијатива стана активна откако Владата под притисок на дел од локалното население се премисли и ја ревидира претходната Одлука за спојување на концесиите Иловица-Штука што го принуди носителот на правата на концесионерот да ги активира правните инструменти за меѓународна арбитража. Неофицијалните проценки упатуваат дека потенцијалната штета на товар на државниот Буџет ќе изнесува не помалку од 1 милијарда евра плус камати.

Во соопштението на „И здравје и работа“ за прв пат е дадена малку поинаква димензија за можните мотиви за жестината на нападите кои доаѓаат од противниците на рудникот Иловица-Штука. Тие рекоа дека за почеток ќе прашуваат без посочени адреси зашто очекуваат некој да се препознае. Така, веројатно воопшто не е случајно што прашуваат „кој има фирма која работи за потребите на еден рудник за експлоатација на бакар оддалечен на помалку од 50 км од општините Босилово, Ново Село и Струмица, дали е точно дека ако се отвори Иловица-Штука претходно опишаниот рудник за експлоатација на бакар ќе претрпи сериозни финансиски штети и кој, колку и од кого има добиено пари на рака преземајќи обврска за регрутирање критична маса за ширење паника меѓу населението?“.

Познавачите на рударската индустрија велат дека нема никаква дилема дека во прашањата на „И здравје и работа“ е опишан единствениот активен рудник за експлоатација на бакар во земјата, Бучим, во Радовиш. Идејата за овој рудник потекнува уште од 1972 година, а по низата финансиски проблеми, од 2005 година е во сопственост на „Солвеј инвестмент груп“. Последно, оваа компанија во 2022 година беше спомената во анализата „Рударски тајни“ на шведски истражувачки новинари, кои објавија дека фирмата наводно е дел од меѓународен скандал за перење пари.  Репортерите откриле дека не е јасно од каде потекнуваат 1,9 милијарда долари, ниту зошто „Солвеј“ на тој начин ги преместувал од една на друга сметка како плаќање заеми. Прегледот, пак, на стари банкарски записи од претходните истраги на меѓународната репортерска мрежа за организиран криминал и корупција покажал дека 23 компании поврзани во рударската група имаат трансакции со други компании што се користеле во руски даночни затајувања и скандали со перење пари. Од рудникот „Бучим“ тогаш демантираа дека има руско потекло на капиталот иако некои од медиумите кај нас објавија таква информација. „Тоа што управители на „Бучим“ се лица со руско државјанство не значи дека компанијата е руска“, истакнаа од рудникот по повод скандалот.

Дали податоците кои ги објавија шведските новинари даваат делумно објаснување за мотивите за прашањето на „И здравје и работа“, „кому и од кого му е објаснето дека ако се изгради рудникот Иловица-Штука, југоисточниот регион на Македонија ќе биде под целосно економско, безбедносно и стратешко влијание на западот, посочувајќи дека на 75 км од Струмичката котлина се наоѓа воениот НАТО полигон Криволак?“, допрва ќе дознаваме бидејќи од иницијативата најавуваат и дополнителни прашања кои се врзани со наводни материјали кои ги добиле од „свиркачи“.

Симптоматично е што претходно супер активните претставници на отпорот против рудникот во Иловица одеднаш замолчеа и не почувствуваа потреба да реагираат на активирањето на иницијативата „И здравје и работа“. Ниту да одговорат на нивните прашања веќе трет месец.

Share This Article