Директорката на Музејот на современа уметност – Скопје Мира Гаќина по шест години се повлекува од функцијата директор

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директорката на Музејот на современа уметност – Скопје Мира Гаќина по шест години се повлекува од функцијата директор.

Од Музејот на современа уметност денеска информираа дека Гаќина се повлекува од лични причини.

– Стремежот да се демонстрира севкупниот потенцијал на МСУ како релевантна институција во полето на современата уметност и култура, беше причината поради која ја прифатив оваа многу одговорна позиција во 2017 година. Водена од сознанието за колективниот ентузијазам во сите нас, за повторно заживување на пионерските идеали на солидарност втемелени во самата идејата на оваа по многу нешта единствена институција кај нас и пошироко – вели Гаќина.

Taa нагласува дека и покрај нејзиното повлекување, ќе остане мотивирана да учествува во натамошниот развој на институцијата.

Еден од последните големи меѓународни проекти, што e во тек е изложбата „Ниедно чувство не е конечно: Колекција на солидарноста, МСУ Скопје“ во Кунстхале во Виена. Станува збор за изложба којашто го реафирмира основниот карактер на МСУ, како музеј на интернационалната солидарност. Изложбата идната година ќе патува во Прага, а во тек се контакти и со други музеи за проширување на димензиите на овој проект.

Share This Article