Личниот телохранител на познатата пејачката Тејлор Свифт се вратил дома во Израел за да се бори против Хамас, пишуваат странските медиуми.
Неименуваниот телохранител, кој пред да дојде во САД наводно бил член на израелските одбранбени сили (ИДФ), се вратил во својата татковина бидејќи „не можел да стои настрана додека семејства се колат и живи ги палат во нивните домови“, пренесува Еран Свиса од израелската новинска агенција Israel Hayom.
Телохранителот преку тој медиум ги повикал и другите „да не стојат настрана не правејќи ништо“.
„Не бидете на погрешната страна на историјата“, рекол тој.
Инаку, станува збор за телохранител кој пред неколку месеци стана вирален хит кога се појави видео на кое се гледа како екстремно детално ја проверува публиката на концертот на Тејлор Свифт за да ја заштити пејачката.