Владата на денешната 193-та седница одлучи да започне изборот на универзален снабдувач на електрична енергија. Меѓу другите донесени одлуки е и онаа за кафеавите мечки во регионот на Маврово за кои е одлучено да бидат дислоцирани на локации кои ќе бидат предложени од експерти од надлежните министерства. Третата одлука е поврзана со моторните возила. Владата одлучи да го измени начинот на пресметката на данокот за некои моторни возила, на луксузните и на старите патнички возила кои загадуваат, а со цел да ги намали емисиите на ЦО2 во воздухот.
Во однос на првата одлука, ќе с подготвува тендерската документација за универзлниот снабдувач на електричан струја. Тој ќе биде должен да обезбеди универзала услуга за период не подолг од пет години. Изборот треба да биде во согласност со Законот за енергетика, а да ги заштити интересите на домаќинставата и на малите потрошувачи, соопшти владината прес-служба.
Втората одлука поврзана со дивите мечки, ги обрзува Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции во рок од три месеци да предложат локации на кои ќе бидат дислоцирани мечките, а за 12 месеци да формираат акциски план за управување со овој дивеч кој е забрането да се лови.
Третата одлука ги засегнува луксузните патнички возила, но и старите автомобили кои загадуваат. Тие ќе се даночат со поголем данок на издувни гасови по нова метода усогласена со ЕУ-стандардите, наречена WLTP метода. Таа е донесена во консултација со стопанските комори во земјата. Возилата ќе се даночат во согласно тоа колку просечно ЦО2 емитуваат.