More

    Германија планира да воведе стационарни гранични контроли на границата со Полска, Швајцарија и со Чешка, како и да ги прошири граничните контроли со Австрија

    spot_img

    Германија планира да воведе стационарни гранични контроли на границата со Полска, Швајцарија и со Чешка, како и да ги прошири граничните контроли со Австрија, кои беа воведени уште во 2015 година, објави германската влада.

    – Федералната полиција сега има на располагање голем број мерки за да може соодветно да реагира на моменталната ситуација – рече германската министерка за внатрешни работи Ненси Фецер.

    Министерката го оправда воведувањето стационарни контроли на границите со Полска, Чешка и Швајцарија поради големиот број нелегални влегувања во Германија годинава.

    Истовремено, беше побарано шестмесечно продолжување на граничните контроли кон Австрија, кои беа воведени есента 2015 година.

    – Нашата цел е да го спречиме шверцот со луѓе и да се бориме против нерегуларната миграција – рече Фецер.

    Од јануари до крајот на септември, околу 100.000 луѓе илегално ја преминале германската граница. Во исто време, бројот на барања за азил се приближи на рекордно ниво од екот на мигрантската криза во 2015 година, што го зголеми притисокот врз сојузната влада, а особено врз министерството за внатрешни работи.

    Мобилните контроли веќе се можни долж шенгенските граници кон Полска, Чешка и Швајцарија и можат да се вршат до 50 километри на територијата на Германија.

    Министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман побара од министерката Фецер да го зголеми бројот на граничните полицајци.

    – Се надевам дека со воведувањето на граничните контроли, министерката не само што испраќа сигнал, туку и дека ќе испрати и уште повеќе полицајци на границата – рече Херман.

    Сојузната држава Баварија граничи со Швајцарија, Австрија и со Чешка.

    Во последниве месеци, бројот на нелегални влезови во Германија е зголемен, особено преку источната рута што води низ Полска и Чешка. Според сознанијата на германските власти, Белорусија и Русија, дел од бегалците намерно ги префрлаат преку границите со цел да се дестабилизира Европската унија.

    Повеќето илегални имигранти ја наведуваат Германија како своја крајна дестинација. Во петокот во Берлин беше постигнат начелен договор меѓу владата, опозицијата и сојузните покраини за мерките кои ќе придонесат за намалување на бројот на бегалците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img