На професијата „доставувач на храна“ ѝ се наѕира крајот, бидејќи во последно време станува популарно доставувањето на храна со дрон.
Со дрон досега се доставуваше пица на повеќе места низ светот, но сега за првпат беше доставен бурек и јогурт, и тоа не некаде далеку, туку во главниот град на Словенија, Љубљана.
Бурекот го порача градоначалникот на градот, а за неколку минути му беше доставен со помош на беспилотно летало.