Од полноќ поевтинуваат бензините, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката, цената на „еуросупер-95“ се намалува за 1 денар, а на „еуросупер-98 за пола денар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1 денар.
Новата цена на „еуросупер-95 ќе биде 80 денари за литар, а „еуросупер-98 ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 82 денар за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 81 денар за литар.
Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,262 ден/кг и ќе изнесува 45,349 ден/кг.