Додека народот се турка за корка леб, Ковачевски, Груби, Бујар, Спасовски, Стани Цаци, си сркаат пилешка чорба за 60 денари, вртат на вилушка омлет со свинско за 65 денари. Може и сланина на скара за 110 или вешалица од свинско каре за 135 денари – пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, објавувајќи го менито со цени во владиниот ресторан.
„Смрзнати цени во владините бифеа, наместо во продавниците. Убаво си ги пишува цените за дневното мени. Пред да се затрчаат со тврење за „лажни вести” нека го видат датумот, 12 октомври, извор СОЗР“ – пишува Стоилковски, додавајќи дека никаде не се јаде по вакви цени, ниту во болница ниту во студентски дом.