Ракометарот бил удиран со нога по главата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ракометарот кој денеска почина на КАРИЛ, Денис Тот вчера изутрина „во близина на дискотеката „Привилиџ“ бил нападнат од две лица.

„Попладнево полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“, каде точно се гледало што се случувало пред младиот ракометар да падне во бесознание и да биде пренесен во Ургентниот центар, пишува Сајтот за проверка на фактите „Вистиномер“.

„Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото. Дечкото му удира две шлаканици, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор. Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош“, објави „Вистиномер“.

Пресметката од плејофот во ракометната елита помеѓу првакот Вардар и Бутел, кој требаше да се игра утре од 16 часот е одложен после смртта на 27-годишниот ракометар.

Share This Article