Пет митови за воспитување деца кои всушност не се вистинити

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На родителите може да им биде тешко да препознаат што е добро, а што лошо. Има безброј совети за воспитување деца, но не треба да веруваме во се што читаме или слушаме. Некои работи за родителството навистина не се точни.

„Брајт Сајд“ наведе пет митови за родителството кои често ги слушаме.

Шеќерот ги прави децата хиперактивни
Според истражувањата, шеќерот не ги прави повеќето деца хиперактивни. Ако децата полудуваат кога се на детска роденденска забава, тоа е поради адреналинот, а не поради бонбоните.

Можеме да ги разгалиме децата ако ги држиме премногу
На бебињата им треба родителско внимание бидејќи тоа им помага да растат емоционално, физички и психички.

Важно е бебињата да се загреваат, правилно да дишат и да се здебелуваат на здрав начин. Татковците се охрабруваат да ги држат своите бебиња за да развијат блиска врска со нив, а не за да ги расипуваат.

Телесното казнување е добар начин за дисциплинирање на децата
Физичкото казнување предизвикува децата да станат агресивни и асоцијални. Долгорочни последици може да бидат и проблеми со менталното здравје.Експертите ги советуваат родителите да градат врска полна со доверба и да работат на искрена комуникација со своите деца. Треба да останеме смирени за време на бесот и да поставуваме јасни граници, а не да прибегнуваме кон физичко казнување на нашите деца.

Детските потреби секогаш мора да бидат на прво место
Родителството може да биде емоционално и физички исцрпувачко и навистина бара многу труд и напорна работа за да се задоволат потребите на децата. Многу е важно родителот да биде здрав и стабилен за да ги насочи своите деца во вистинската насока.

Добро е да го оставите детето да плаче
Бебињата не знаат што е манипулација и не е добро да ги оставате да плачат. Плачењето обично е сигнал дека нешто не е во ред. Вака бебињата ни сигнализираат дека се гладни, дека треба да се сменат, дека им е ладно или топло или дека нешто боли, пренесува Index.hr.

Share This Article