Обвинителот Јовески уверува дека скандалот ќе има расплет

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јавниот обвинител Љубомир Јовески во расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет рече дека за случајот „Онкологија“ немал никакви притисоци и не се согласува дека предистражната постапка за скандалот на оваа клиника е задоцнета или дека трае предолго.

Презентирајќи дека за случајот постои многу обемна документација, на почетокот од обраќањето Јовески ги искара пратениците што го прозиваа обвинителството, побара случајот да не се политизира и да не се користи за дневно-партиски пресметки. Јовески од говорницата порача дека Обвинителството ќе ги вложи сите напори да го расчисти случајот и ако има виновници, тие ќе одговараат.

Јавниот обвинител информира дека после објавувањето на Извештајот на Државниот завод за ревизија, Обвинителството го проучил, презел одредени дејствија по овој извештај од рамките на неговата надлежност.

– Сакам да ве информирам дека Обвинителството и пред тоа во врска со определени извештаи во определени случувања во Клиниката за онкологија водело соодветни постапки. Ние имаме кривична пријава, анонимна во 2017 година за несовесно работење во службата, по кое Обвинителството постапува, го проверило околностите и на 26.2.2018 година пријавата е отфрлена, бидејќи се утврдило дека во конкретниот случај нема кривично дело што се гони по службена должност. Исто така, во 2016 година е отворен соодветен предмет во Обвинителството, а потоа во 2012 година имало предмет за злоупотреба на службената положба и овластување по членот 353 од Кривичниот законик на тогашниот директор на Клиниката, кое што резултирала исто така со решение за откажување на гонење и запирање на истрагата. Во 2016 година повторно е отворен еден предмет во Јавното обвинителство и има и други предмети во рамките на Обвинителството кои се во тек, но дел се во судска постапка и за тоа јавноста е информирана со оглед дека судењата се јавни – рече обдинителот Јовески.
Јовески информира дека во конкретниот случај, Обвинителство води предистрага за последните случувања во Онкологија.

– Обезбедена е обемна компјутерска и друга документација во делот на здравствената состојба на пациентите кои неколку години наназад биле на третман на оваа Клиника и се лекувале. И цела оваа документација подлежи на соодветни проверки, соодветно укрстување и уточнување на овие податоци и секако дека станува збор за илјадници вакви случаи на Обвинителството и на службите кои се компетенти за решавање на вакви случаи им треба значително повеќе време. Сите сили на Обвинителството се концентрирани за забрзување на овие постапки – изјави Јовески.

Тој рече дека извршени се повеќе распити на пациенти кои биле на лекување во оваа болница.

– Оваа анализа на медицинските досиеја и нивното лекување ќе потрае, бидејќи таа е интердисциплинарна, почнувајќи од тоа како се требувани лековите, како се давани и во кој обем се давани и дали се давани лековите. Од страна на Обвинителството ангажирани се и технички советници. Еден дел од медицинската документација е издвоена со сомненија за лекарска грешка и за нив вештачењето ќе го врши независна институција. Преземена е анализа на целокупното материјално и финансиско работење на Клиниката во што се вклучени експерти на Државниот завод за ревизија и Фондот за здравствено осигурување – рече тој.

Јовески порача дека Обвинителството ќе ги вложи и последните напори да го расчисти овој случај и да се врати довербата во Клиниката за онкологија „за да можат најтешките болни во иднина да бидат сигурни дека добиваат терапија согласно потребите на нивното здравје“.

Share This Article