Во август се издадени 9% помалку одобренија за градење

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во август годинава се издадени 344 одобренија за градење, што е за 9% помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7, 038 милијарди денари, што е за 23,7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 157 (45,6 %) се наменети за објекти од високоградба, 121 (35,2 %) за објекти од нискоградба и 66 (19,2 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 344 објекти, на 180 (52,3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 164 (47.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 943 станови, со вкупна корисна површина од 66.791 м2.

Од март годинава бројот на издадени одобренија за градба опаѓа. Најголемо намалување имаше во јули кога беа издадени 280 одобренија за градење, или за  33,6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Share This Article