Наредбата за рана евакуација е дел од израелските „хуманитарни мерки“ во Појасот Газа, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Џонатан Конрикус.
Во неговото последно видео објавено на X, тој рече дека нивната цел е да спасат животи, додавајќи: „Цивилите не се наш непријател“.
Тој наведе дека војската сака да ги минимизира цивилните жртви додека напаѓа цели во Појасот Газа и оти останува целосно посветена на законите за меѓународен вооружен конфликт.
– Разбираме дека ќе биде потребно време. Тоа не е лесен процес – рече тој за евакуацијата.
Околу 1,1 милион луѓе, половина од целото население на Појасот Газа, се засегнати од наредбата за евакуација.