Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави денеска дека ги изгубил симпатиите за Израел и дека не го одобрува поставувањето израелско знаме на зградата на хрватското Министерство за надворешни работи.
– Мислам дека тоа е идиотски потег, со сите мои симпатии за Израел, кои за жал ги загубија во рок од 15 минути. Никој на Блискиот Исток не ги сака членовите на Хамас, кои извршија масакри, нема влада што ги сака. Ги осудив убиствата, дури и изразив згрозеност и одвратност, но правото на одбрана не го вклучува правото на одмазда и убиства на цивили – рече тој за Израел и за ситуацијата во Газа.
– Во Хрватска нема место за други знамиња, освен во строго регулирани ситуации – рече Милановиќ.
Тој додаде дека во неговиот кабинет ќе ги спушти знамињата на ЕУ и на НАТО на пониски позиции од хрватското знаме.