Израелскиот министер за енергетика Израел Кац изјави дека опсадата на Газа нема да заврши додека не се ослободат израелските заложници.
„Нема да се вклучи електричен прекинувач, нема да се отвори хидрант за вода и нема да влезе камион со гориво додека не се ослободат киднапираните“ – објави израелскиот министер на социјалните мрежи.
Израел го прекина снабдувањето на Појасот Газа по нападот на Хамас во саботата.