ПРЕКИНАТА ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поради одредени технички проблеми во зградата на Општина Охрид – прекин на електричната енергија и интернет, денешната осма седница на Советот на Општина Охрид не го дочека својот крај. Претседателот на советот Сашо Донев ја прекина седницата и го најави продолжението во наредните денови.

До прекинот, советниците усвоија осум точки од дневниот ред, кои се однесуваа на верификација на мандатот на новата советничка Леона Кичеец и избор на нови членови во повеќе комисии на советот. Советниците ги изгласа и точките за програмата за зимско одржување на патишта и улици за периодот март 2022 – март 2023, субвенционирање на општинскиот линиски превоз и линискиот превоз кој заеднички го организираат Охрид и Дебрца и одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП Градски пазар Охрид.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply