Балоните оваа година повторно го исцртаа небото над Албакерки, Ново Мексико, САД.
Во саботата во овој град започна Меѓународната Balloon Fiesta. Овој настан започна во 1972 година и траеше подолго и подолго низ годините.
Така оваа година ќе трае девет дена. Оваа манифестација собира десетици илјади гледачи, а учествуваат стотици шарени балони.