Откако портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Убаид, им порача на жителите на израелскиот град Ашкелон (лоциран на 14 километри од Газа) да ја напуштат областа до 17 часот по локално време, без да даде повеќе детали, сега Хамас истрела стотици ракети во градот.
Израелските војници се мобилизираа во Ашкелон откако вооруженото крило на Хамас ги предупреди жителите на главниот град да си заминат пред 17 часот.
Огромен бараж ракети сега е истрелан врз градот од Газа. Хамас соопшти дека истрелал стотици ракети врз Ашкелон како „одговор на раселувањето на цивилите во Газа“, се вели во соопштението на Телеграм.