More

    Израел е втора земја по Катар по тоа колку пари троши по жител за воени цели, тоа се 2.769 долари по граѓанин

    spot_img

    Израел годинава е 18-тата армија во светот по својата моќност, проценува сајтот Глобал Фајрпавер од најмоќните 145. Анализата не ги зема предвид подготвеноста на војската и другите фактори, туку само количините на оружја, ресурси и персонал. На истиот список Украина е на 15-то место, а Иран на 17-тото.

    Едно од најпрочуените оружја на Израел е противракетниот систем Железна купола кој, според Си-Ен-Ен помогнал да се спасат многу животи во војните. Има дострел од 70 километри, а ефикасноста, според израелските воени сили(ИДФ), му е над 90 отсто. Тој работи во секакви временски услови. Системот проценува дали ракетата која доаѓа ќе погоди ненаселено место или е закана преку посебен систем на команди.

    Израел се надева дека во иднина ќе го прошири радиусот на функционалност на 250 километри. Но, и со оваа технологија се смета дека Израел има една од најуспешните воздушни одбрани во светот. Палестина, од друга страна, иако не е на официјалните листи, се проценува дека поседува 42.000 резервисти и непознат број оружја и опрема.

    Израел е втора земја по Катар по тоа колку пари троши по жител за воени цели, тоа се 2.769 долари по граѓанин. Воениот рок трае цели 32 месеци, односно 24 за жени. Меѓу нештата кои ја издвојуваат оваа земја по моќноста е и ракетниот фрлач „железна купола“, тенкот „Меркаба“, израелската модификација на авионот Ф-16, наречена Суфа и нуклеарните боеви глави.

    Израел во понеделникот регрутираше 300.000 резервисти во војната со Хамас и Палестинците во појасот Газа. Тоа е речиси исто на колку што се проценуваше првата мобилизацијата која ја изврши Владимир Путин во војната во Украина.

    Израел има 465.000 резервисти, но човечки потенцијал од 3,7 милиони луѓе. Авионите-борци неколку дена ја бомбардираат Газа. Земјата има 193 воени авиони, а вкупно 601 летало. Дури 89.000 луѓе работат во авијацијата. Првата флота пристигна во Израел во 2004 година и содржеше голем број специјализирани модификации на моделот“ F-16 Fighting Falcon“, кој го направи својот прв лет во 1976 година.

    Никој не знае колку нуклеарни боеви глави поседува Израел. Процените се меѓу 40 и 800. Се верува дека Израел ги развил уште од 1966 година. Земјата води политика на намерна двосмисленост, никогаш официјално не негирајќи или признавајќи дека поседува нуклеарно оружје. Израелските челници низ годините постојано велат дека се надеваат оти земјата нема да биде првата која ќе го употреби ова оружје на Блискиот Исток.

    Израелскиот тенк Меркава IV, сличен на германскиот Леопард 2 стана популарен во војната во Украина. Тој е четврти најдобар тенк во светот според американскиот магазин „Нешнел Интерест“.

    „Меркава има одличен оклоп; нејзината купола и остриот агол на предниот дел на резервоарот се дизајнирани да претставуваат максимална оклопна одбрана на сите агли, така што бедемот има ивица со нож. Моторот на резервоарот се наоѓа напред, создавајќи густа маса помеѓу непријателски оган и екипажот“, наведува магазинот.

    Израел чува 2.200 тенкови во своите магацини. Од нив 1.760 се спремни за борба. Бројот на оклопни возила е проценет на 56.290, додека бројот на противракетни системи на 300. Исто толку „ховицери“ со гранатна артилерија поседува војската.

    Израел останува еден од најголемите светски извозници на оружје со околу 6,5 милијарди долари годишна продажба на оружје. Истовремено, Израел се снабдува со оружје купувајќи од САД, Германија и од Канада.

    Земјата го разви својот нов концепт на војување наречен „Решавачка победа“. Ова војување има за цел да ја скрати секоја војна со брзо уништување на способностите на непријателот. За ова, според ИДФ, неопходно е да се постигне надмоќ во информираноста, да се мапира воениот систем на непријателот, кој вклучува идентификување на клучните лидери, движења на единиците. Системот се базира повеќе на специјалните единици отколку на редовната војска. 

    Плусинфо веќе пишуваше дека командосите „Шајетет 13“ веќе се на терен во Израел. Истовремено, Ројтерс пишува дека израелските воздушни сили извршија бомбардирање врз Газа какво што немало досега.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img