More

    Зеленски: Разгорувањето на војната на Блискиот Исток е во интерес на Русија

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија е заинтересирана да започне војна на Блискиот Исток со цел да го „поткопа светското единство“.

    „Според достапните информации, многу јасни, Русија е заинтересирана да започне војна на Блискиот Исток, така што нов извор на болка и страдање може да го поткопа светското единство, да ги зголеми раздорот и противречностите и на тој начин да и помогне на Русија да ја уништи слободата во Европа“. рече Зеленски доцна во понеделникот.

    Наведувајќи дека одржал состанок со шефови на украински разузнавачки служби и дипломати, Зеленски додаде дека ситуацијата околу неодамнешниот конфликт меѓу Израел и Хамас е од „фундаментално значење“ не само за Украина, туку и за Европа.

    „Гледаме како иранските пријатели на Москва отворено ги поддржуваат оние кои го нападнаа Израел. И сето тоа е многу поголема закана отколку што светот моментално ја перцепира“, истакна Зеленски.

    Тврдејќи дека светските војни од минатото започнале со локални агресии, тој рече дека Украина знае како да се спротивстави на оваа закана.

    „Ги подготвуваме соодветните чекори. И што е најважно, ја браниме потребата од максимално единство во светот“, рече Зеленски.

    Во изјава за Телеграм, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги негираше обвинувањата на Зеленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img