Кристијано Роналдо донесе одлука да ја продолжи кариерата, а според се кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Според англискиот Дејли Мејл, Роналдо сака да го продолжи договорот со Ал Наср до 2027 година.
Португалецот пристигна во Саудиска Арабија кон крајот на минатата година и многу брзо се прилагоди на новата средина. Досега на 30 натпревари има забележано 25 гола и 8 асистенции.
Ал Наср моментално е на третата позиција на табелата зад Ал Тавун и Ал Хилал. Роналдо сака да го продолжи договорот со селекцијата на Саудиска Арабија до 2027 година, а има намера да игра за Португалија на Светското првенство во 2026 година.
Во својата кариера покрај за Ал Наср настапуваше и за Јувентус, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Спортинг.