More

    Берзите се чувствителни на потресите на Блискиот Исток

    spot_img

    Неочекуваниот и силен напад на милитантната организација Хамас врз Израел доведе до силен скок на цената на суровата нафта на светските берзи. Главната референтна цена на Брент порасна за приближно 3,5 долари за барел сурова нафта и се приближува до нивото од 89 долари за барел.

    Цената се стабилизираше на повисоко ниво, а нејзиниот понатамошен раст ќе зависи од тоа дали ситуацијата ќе ескалира. Израел и палестинските територии не се производители на нафта, но Блискиот Исток сочинува речиси една третина од глобалното снабдување. Доколку очекуваната израелска контраофанзива на Појасот Газа доведе до дипломатска криза, земјите со мнозинско муслиманско население во областа би можеле да побараат повлекување на израелската армија.

    Пазарите внимателно следат како ќе се развива ситуацијата бидејќи големите производители на нафта како Саудиска Арабија би можеле да го намалат производството на сурова нафта со цел да извршат економски притисок врз земјите кои го поддржуваат Израел и да ја прекинат опсадата на Газа.

    Во зависност од тоа како земјите производители на нафта ќе реагираат на најавената опсада на Газа, може да настане нова нафтена криза. Уште пред ненадејниот напад на Хамас, многу аналитичари предвидуваа дека до крајот на годината цената на нафтата би можела да порасне до 100 долари за барел, што би ги искомплицирало напорите на САД и ЕУ во борбата против инфлацијата.

    Намалувањето на производството од Русија и Саудиска Арабија ја турна цената над 97 долари за барел кон крајот на септември, но минатата недела цените паднаа за 11 отсто поради загриженоста во однос на забавување на економиите во Кина, САД и ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img