More

    Ковачевски: Бројката на македонски граѓани кои се наоѓаат во Израел се зголемува и се прават напори да се лоцираат

    spot_img

    Бројката на македонски граѓани кои се наоѓаат во Израел се зголемува и се прават напори да се лоцираат, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој вели дека се прави сè оттаму безбедно да се евакуираат сите македонски граѓани.

    Евакуацијата на македонските граѓани од Израел доаѓа по големиот напад на палестинските милитанти во Израел кој започна во саботата на 7 октомври, а по кој израелски воени авиони извршија напади врз цели на Хамас, во Појасот Газа.

    Вчера дел од македонските граѓани успеаја да ја напуштат земјата и да пристигнат во Албанија.

    Премиерот вели дека во Министерството за надворешни работи има Кризен штаб, а и Кабинетот на премиерот контактира со соседните земји и со партнерите коишто имаат авиокомпании што може да слетуваат на аеродромите во Израел.

    Кризниот штаб има задача да следи и да ги координира сите постапки поврзани со македонските државјани на кои им е потребна помош за нивно безбедно евакуирање.

    Синоќа со посебен лет од Израел пристигнаа 40 албански, македонски и косовски државјани на аеродромот во Тирана.

    Меѓу 100 и 200 македонски државјани пријавиле дека престојуваат во загрозените подрачја, проценува МНР.

    Во соопштението на МНР во врска со напорите за евакуација на македонските граѓани се вели дека безбедносната состојба во Израел, сè уште останува сложена.

    „Состојбата во и околу Тел Авивкако и поголемите градови во Израел и делот на Западниот брег иако без воени операции останува напната. Меѓународниот аеродром во Тел Авив е во целосна функција и од таму сè уште оперираат редовните комерцијални летови, како и посебните чартер летови; но бројни авиокомпании низ светот во најголем дел ги одложија редовните линии со што редовниот авиопревоз е отежнат.

    Преку различните транспортни канали, во текот на вчерашниот ден 20 наши државјани го напуштија Израел, додека бројката на пријавени граѓани кои сакаат да заминат надмина 100. Во овој момент поголемиот дел од овие граѓани се наоѓаат на локации кои се сметаат за безбедни, а околу дваесетмина од нив, веќе имаат обезбедено билети за некои од комерцијалните редовни или чартер летови кои се на располагање.

    Неколку граѓани, во рамките на нашите контакт точки се пријавиле дека се наоѓаат во деловите на земјата кои беа опфатени со насилните дејствија и се сметаат за небезбедни; нашата амбасада во Тел Авивкако и контакт центарот во Скопје е во постојан контакт со нив и активно се работи за да се обезбеди нивен трансфер на безбедна локација, од каде би можеле да бидат упатени кон дома.

    Министерството за надворешни работи изготви детална анализа и проекција на сите можности кои ќе ги презентира пред Владата, која потоа ќе одлучува за натамошните чекори кои ќе бидат преземени.

    Како што претходно објавивме, според процени на кризниот штаб, на територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 наши државјани, од кои преку половината се прецизно мапирани и редовно се одржува контакт со нив“ – се вели во соопштението.

    За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи 075/ 273-732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378

    Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx

    „Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје“, апелира МНР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img