Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант нареди „целосна опсада на Газа“. Извршен е нов ракетен напад против Израел, а Галант сега најавува сурова одмазда.
– Нема да има струја, вода, гориво и храна во енклавите кои се опкружени од три страни со Израел и Египет. Се бориме против варварите и соодветно ќе одговориме – рече тој .
Би-Би-Си пишува дека водоснабдувањето е целосно прекинато.
Израелската војска штотуку соопшти дека започнала „опширен“ напад врз центрите на Хамас во Газа. И израелските одбранбени сили и израелските воздухопловни сили ја објавија операцијата на социјалните мрежи.
Но, истовремено, Хамас продолжува со голем ракетен напад врз Израел од Појасот Газа. Исто така припадници на исламистичката милитантна група Хезволах истрелале проектили и артилериски гранати во северниот дел на Израел, каде се огласија сирените за воздушен напад.
Израел ја пушти на терен елитната поморска единица командоси Шајетет 13. Командосите обзнанија дека уапсиле и распитуваат висок член на Хамас по има Абу Гали. Тие известија и дека десетици терористи од Хамас се обидувале да извршат напади од морето.
„Редовните и резервните копнени сили на ИД, во соработка со другите безбедносни сили, водат долготрајни битки во градовите околу Газа. „Силите на ИД неутрализираа стотици терористи во градовите, на границата и на брегот во последните 40 часа“, се вели во соопштението на ИД.
Шајетет 13 се разликуваат од многу западни воени единици затоа што постојано се на штрек од основањето на Израел во 1948 година. Израел беше приморан да ја развие една од најдобрите вооружени сили во светот. Воениот рок во Израел трае 36 месеци за мажите и до 21 месец за жените.
Идните припадници на Шајетет 13 после редовниот рок мора да одат на специјализација каде ќе учат да нуркаат. Дури ни оние што имале просечни оценки во редовниот рок можат да учествуваат. Обуката, по име Масул, се смета за една од најригорозните во светот, според физичката подготовка. Трае 21 месец, а припадниците мораат да знаат и да скокаат со падобран.
Пешадискиот дел од обуката се одвива во самата пустина и трае два ипол месеци. Идните командоси учат да ракуваат со пиштоли, снајпери, автоматски пушки, минофрлачи.
Шајетет 13 не користат советско оружје, иако порано го корситеа рускиот автомат АК-47 бидејќи дека е докажано дека тие се најсигурно оружје во тешки услови како што се подводни, солени и песочни средини.
Покрај тоа, советското оружје им дозволуваше на оперативците да се спојат со локалното население за време на тајните операции, обезбедувајќи клучна предност додека непријателот не може да утврди дали се пријатели или сојузници.
Во последниве години, АК-47 стана мит во единицата и сè уште е прв избор на оружје кога станува збор за обука. Сепак, поради неговата техничка инфериорност во однос на модерното западно оружје, АК-47 сега се користи само во нуркачки операции.
Примарното оружје на припадниците на оваа единица сега е модифицираниот американски M16 CAR 15, кој е полесен, поразновиден и попрецизен, а исто така користи иста муниција (5,56 mm) со лесниот митралез „ИМИ Негев“.