Познатиот актер и режисер Бредли Купер (48) и популарната манекенка Џиџи Хадид (28) постојано се под будното око на светската јавност.
Имено, изминатиов период актерот и манекенката беа видени заедно во неколку наврати, па нивниот однос почна да ја интригира јавноста, а многу се зборуваше за нивната наводна врска.
Бредли Купер и Џиџи Хадид се појавија во четвртокот на специјална вечера во Њујорк, каде не поминаа незабележани.
Љубовниот живот на Џиџи Хадид почна да ги интересира светските медиуми од моментот кога пред неколку месеци ја прекина врската со холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо (48), а сега изгледа дека си најде нова љубов.
Од друга страна, Бредли Купер беше во емотивна врска со познатата манекенка Ирина Шајк, со која има ќерка. Неодамна, Бредли и Ирина беа заедно на одмор во Италија, а фотографиите од одморот покажаа дека Бредли не ја испушта од раце Ирина.
Џиџи Хадид, пак, ја има ќерката Каи, која ја доби во врската со пејачот Зејн Малик, поранешен член на групата „Уан дирекшн“.