More

    Забранети се и руските бродови на европските пристаништа

    spot_img

    Европската унија воведува ембарго за увоз на руски јаглен и ќе ги затвори пристаништата за бродовите од Русија. Одлуката стапува на сила во средината на август, еден месец подоцна од првично објавеното, поради тоа што Германија притискаше процесот да се одложи, пренесуава ДојчеВеле.

    Новите санкции поврзани со јагленот мораа да бидат одобрени од сите земји-членки, но некои претходно изразија загриженост дека Европската унија увезува 45 отсто од својот јаглен од Русија, а вредноста на тој увоз се проценува на четири милијарди евра годишно.

    Полска беше против поставување рок од четири месеци за запирање на увозот на јаглен, наместо, како што предложи Европската Комисија, преоден период од три месеци. Грција и Малта се противеа на затворање на пристаништата онака како што тоа го дефинираше ЕК.
    Руските бродови не би требало повеќе да смеат да влегуваат во пристаништата на ЕУ, освен ако не носат храна, помош или енергија.

    Истовремено, најавено е дека премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и германскиот канцелар Олаф Шолц ќе се сретнат за да го утврдат начинот на кој европските земји можат да престанат да се потпираат на рускиот гас. Попладнево тие заеднички ќе се обратат на прес-конференција.

    Се очекува Џонсон да ѝ понуди помош на Германија, која сè уште е силно зависна од рускиот гас, со цел да ѝ нанесе нов удар на Русија.

    Обединетото Кралство вети дека ќе го прекине увозот на руски јаглен и нафта до крајот на оваа година, со план следната година да има гас. Германија, од друга страна, беше критикувана од Украина за наводно забавување на нејзината зависност од руската енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img