Италијанскиот инфлуенсер Лоренцо (40), чии семејни видеа воодушевија многумина, трагично почина пред неколку дена од срцев удар.
„Се чувствувам многу лошо. Не ми се верува“, изјавила неговата сопруга.
Трагедијата се случила додека Лоренцо си играл со децата во нивната куќа во близина на Неапол. Човекот само паднал на подот и лежел неподвижен. Сите брзо реагирале, а полицијата и брзата помош брзо дошле на местото на трагедијата.
И покрај сите напори, инфлуенсерот почина недолго потоа, а три деца останаа без татко.
На сите им беше познат по своите тетоважи, а неговиот начин на живот им пречеше на многумина.
Тој често објавуваше видеа на кои се вози луксузни автомобили и облечен во луксузни костуми.
Обожавателите на Лоренцо се длабоко се шокирани.
„Јас сум без зборови. Се слушнавме денес, многу сум тажен, ова е како да не е реално“, вели еден коментар под фотографијата.
„Во некои лоши моменти од мојот живот, твоите видеа со прекрасно семејство ми донесоа насмевка на лицето. Се чувствувам многу уништено од се“, напиша друг.
ФОТО: Инстаграм